ДНЕВЕН ХОРОСКОП: Вистински ден да поразговарате со партнерот
Овен
Можеби почетокот на денот нема да ви биде онака како што треба, но затоа вечерта ќе реши сѐ. Ве очекува возбудливо изненадување кое ви го подготвува вашиот партнер.
Бик
Вашиот партнер ќе биде задоволен доколку ја оставите вашата тврдоглавост на страна и почнете да ги исполнувате неговите желби. Малку попустливост од ваша страна не е на одмет. Попладневното кафе со пријателите е добар избор за денес.
Близнаци
Вашите емоции денеска оставете ги на страна. Не размислувајте за минатото и вашиот поранешен партнер. Фокусирајте се на иднината и сѐ ќе биде во ред, а можни се и неколку нови пресврти на љубовен план.
РакМожеби вашата претерана независност вам ви се допаѓа, но на вашиот партнер тоа му оди на нерви. Поразговарајте со него во врска со тоа и заедно најдете некакво решение. Вечерта поминете ја со своето семејство и со најблиските.
Лав
Најдете начин како да се зближите со партнерот, бидејќи некое време ви се заладени односите. Доколку не сте во врска, експериментирајте! Одете на состаноци и дознајте која личност најмногу ви одговара. Забавувајте се!
Девица
Денеска ќе се чувствувате малку растревожени, поради некое несогласување со партнерот. Потрудете се да гледате на позитивната страна и извлечете го најдоброто од ситуацијата. Внимавајте на исхраната.
Вага
Конечно повторно ги наполнивте батериите, па денот нема да ви биде тежок и напнат, а обврските ќе ги извршувате со задоволство. Размислете внимателно и направете го она што е најдобро за вас, а би било добро и доколку побарате совет од некој пријател.
Шкорпија
Очекувајте поголемиот дел од денот да го поминете сами. Информациите кои ќе ги дознаете од некоја книга, емисија или списание, ќе ве заинтересираат да истражите повеќе за темата која ве интересира.
СтрелецВашата интуиција и снаодливост нека ви послужи во идеите за нови проекти и шансите за заработка. Слободното време искористете го за вашиот партнер, кој едвај чека да ве види.
Јарец
Денес сте комплетно сконцентрирани и фокусирани на обврските кои се пред вас. Вашата интуиција одлично ќе ве служи овој ден, па искористете ја најдобро што можете.
Водолија
Неодлучноста може да ви одмогне во многу работи, па затоа не двоумете се многу. Правете ги оние работи кои на вас ви се допаѓаат и нема да погрешите. Одвојте малку време и за вашето милениче, кое почнавте да го запоставувате.
Риби
Овој ден е поволен за контакти со другари од детството. Многу прашања можете да решите доколку постапите пријателски. Но, не договарајте се однапред.