ДНЕВЕН ХОРОСКОП: Внимавајте на предупредувањата кои ви ги упатуваат блиските

ДНЕВЕН ХОРОСКОП: Внимавајте на предупредувањата кои ви ги упатуваат блиските

Овен

Кога ќе ви се укаже прилика прифатете ја најдобрата понуда. По малку делувате носталгично и премногу размислувате за нечие отсуство. Чувствувате емотивна жед за некои пријатни или далечни спомени. 

Бик

Прeбрзо изговорени зборови не донесуваат решение. Сталожено размислете за се, употребете ги своите дипломатски манири и практична памет. Партнерот за разлика од вас полесно ги решава личните и зедничките проблеми. Сепак, вие не сакате да се наоѓате во нечија сенка и да прифатите пасивна улога.

Близнаци

Доколку сакате да ја оправдате својата улога применете проверена тактика. Немојте да дозволите нечии зборови да ве поколебаат. Потребна ви е позитивна ориентација. Вашите желби можат да се остварат, под услов да делувате доволно инспиративно и сугестивно.

Рак

Нема потреба да се споредувате со својата околина или да влегувате во сериозни расправи. Важно е да ги испочитувате основните морални начела, наместо да се докажуват. Претерувате со своите барања пред саканото лице, треба да знаете да ги почувствувате „желбите“ и да уживате во малечки работи. Сочувајте ја вистинската мерка за вредностите.

Лав

Делувате многу снаодливо во различни ситуации. Имате добро претчувство. На повидок се одлични резултати кои ја потврдуваат вашата позитивна улога. Доколку посакувате емотивен залет, направете се’ што е потребно да привлечете нечие внимание. Секогаш вреди да се обидете со некоја „добра идеја“.

Девица

Со неколку добри потези можете да направите повеќе отколку било кој друг. Придржувајте се до правилото: за успехот не треба да се зборува, туку треба успешно да се делува. Можете да ги остварите своите намери на различни страни.

Вага

Повеќето случувања ги толкувате на себе својствен начин, упорно игронирајќи ги ситуациите кои не се вклопуваат во вашите проценки. Нема причина да одбивате предупредувања кои ви ги упатуваат блиските. 

Шкорпија

Делувате сомничаво и немате доволно доверба во одредени луѓе. Нема потреба гласно да зборувате за своите планови. Задржете одредена мерка на внимание, погрешен потег создава услов за губиток. Одбегнувате ситуации за кои немате доволно трпение и немојте да го губите разумот во средбата со едно атрактивно лице.

Стрелец

Наивно верувате во нечија приказна и не ги проверувате новите информации кои влијаат на завршните резултати. Сепак, губитокот со кој се соочувате не е од посебно значење. Тешко ви е да се соочите со вашите емотивни слабости и потребна ви е објективност во мислењето. Доколку сте слободни, повнимателно анализирајте го лицето кое ви се допаѓа.

Јарец

Не треба премногу да се оптоварувате со нечија приказна. Околината го помогнува заедничкиот успех и некој се обидува да ви обезбеди одредени повластици или подобри материјални услови. Доброто претчувство кое го имате навестува возбудлива забава или нова емотивна средба. Опуштете се во нечие блиско друштво.

Водолија

Пораката која ја добивате можете да ја сфатите на различни начини, поради тоа обидете се да ја согледате онаа позитивна страна. Потребен ви е дополнителен ентузијазам и поадршка,за да своите обврски ги завршите во зададениот рок. Морате однапред да ги познавате основните љубовни правила пред да прифатите нечија игра на заведување или нов предизвик.

Риби

Потребно е да направите добар избор, но постојат ненадејни ситуации кои ја отежнуваат проценката. Обрнете внимание на нечија реакција. Секогаш постои поуспешен и поубав дел од стварноста, но до него не се доаѓа случајно и без добра подготовка. Имате големи очекувања, меѓутоа партнерот често ги прикрива своите намери. Задоволство е кога нешто правите во име на заеднички радости и среќа. 


Можеби ќе ве интересира: