До крајот на година ни доаѓа „The Princess Switch 3“: Сè што знаеме за божиќниот филм со Ванеса Хаџенс

До крајот на година ни доаѓа „The Princess Switch 3“: Сè што знаеме за божиќниот филм со Ванеса Хаџенс

Објавена во: Stars // Филм

Некрунисаната принцеза на божиќните филмови Ванеса Хаџенс веќе неколку години нè радува со празнични филмови, поради кои повторно ја засакавме сите. Поради ова, фактот дека оваа година треба да го очекуваме третото продолжение од филмот „The Princess Switch“ нè израдува сите.

Снимањето на филмот се заврши во март 2021 година, а тоа го потврди и Ванеса на Инстаграм.

Кога ќе го гледаме „The Princess Switch 3“?

Според новиот распоред кој Нетфликс го објави, премиериерата на третиот дел од божиќниот филм може да ја очекуваме во ноември 2021 година. Празниците оваа година ќе изгледаат поинаку благодарение на Ванеса и Нетфликс.

За што се работи во филмот „The Princess Switch 3“?

Во ноември 2018 година, обожавателите за првпат ја посетија измислената земја Белгравија, кога овој филм беше прикажан на Нетфликс. Ванесе ги глумеше Стејси Де Ново - слаткарка од Чикаго и војвотката Маргарет од Монтенаро. Кога судбината ги спои двете девојки, одлучија да си ги променат местата за Маргарет конечно да може да живее нормален живот.

Работите се искомплицираа во вториот филм, кога Ванеса глумеше три, наместо два лика. Да, Стејси и Маргарет се вратија, но лејди Фиона ги раздрма сите, кога се обиде да го украде престолот.

Дали ова значи дека во третиот дел Ванеса ќе има четири лика? Одговорот е не.

„Веднаш ќе ги демантирам тие гласини, тоа нема да се случи. Три лика ми се граница, тоа е она што ментално можам да го постигнам“ - раскажа таа.


Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: