Добива сѐ што ќе посака: Кендал Џенер прва добива маса во ресторан, додека другите луѓе чекаат со часови
Смешните видеа на ТикТок често се од забавен карактер, но всушност се многу реални - многу луѓе ги користат за да ги исмеат познатите или да откријат некоја вистина за нив. Неодамна се појави видео во кое една келнерка на ТикТок ги раскажа своите искуства со познатите, бидејќи работи во луксузен ресторан, па призна дека Кајли Џенер е скржава, а Хајли Бибер нељубезна. Кендал Џенер е многу блиску до двете, бидејќи доколку се запрапавте дали таа е подобра од нив кога се во прашање резервациите во ресторанот и однесувањето, немаме баш убави вести!
Да, ѕвездите имаат одредени привилегии во однос на „обичните“ луѓе и тоа не е некоја филозофија, но понекогаш и привилегиите знаат да отидат предалеку и воглавно се воочливи кога некој од нив се „меша“ со обичните луѓе - оди во ресторани, кино и на слични места. Е, на тие места ѕвездите обично имаат предност да кажат дека ќе дојдат и поради нив ресторанот да мора се испразни. Истото го прави и Кендал Џенер во познатиот јапонски суши ресторан во Малибу, а тоа го прикажа една ТикТокерка во кратко видео во кое се обидува да резервира маса во ресторанот.
Како што се наведува, за да се резервира маса во Nobi, потребно е тоа да се направи неколку недели порано, некогаш ни тоа не е доволно, а често на телефонската линија се чека повеќе од 45 минути. Кендал, секако, не чека воопшто, а ТикТокерката во видеото прикажа дека и Кендал има своја шифра, бидејќи луѓето често се јавуваат за да резервираат на нејзино име, за да добијат резервација порано! „Се јавувате за Кендал? Шифрата ве молам“ - вели келнерката и апсолутно го менува гласот.
@lmalikk the power of tik tok @kendalljennerofficial ##fyp ##foryou ##PlayBall ##elfMagicAct ##FanArt ##SlurpeeSummer
original sound - lmalikk
Дека овој ресторан е едно од омилените места на кланот Кардашијан - Џенер потврди и Ким Кардашијан, бидејќи Nobu го наведе како прв омилен ресторан, одговарајќи му на Твитер на еден обожавател. За оваа реклама ресторанот без проблем ќе биде нељубезен кон обичните луѓе.
Nobu, Hillstone and LaScalla https://t.co/WHLfIHO4CL
— Kim Kardashian West (@KimKardashian) February 4, 2020