Добредојдовте во бруталниот свет на моделингот: Девојка низ солзи раскажа што побарал брендот од неа
Ако твојот сон е да станеш модел, еве како навистина изгледа тој свет...
Колку модниот е токсичен свет најдобро ќе ти покаже приказната на овој модел. Ана Гант се занимава со моделинг во едно од најголемите седишта на модата, Њујорк. Кога стигнала до последниот кастинг не можела, а да не сподели со сите што ѝ се случило.
Да бидеш модел е гламурозна работа, секогаш си средена, бесплатно добиваш дизајнерски парчиња облека, патуваш, запознаваш кул луѓе... сето тоа стои, но секоја монети имаат две страни, а другата страна на моделингот е толку темна што го засенува ова што е добро.
Ана Гант не е име за кои си слушнала, но е девојка која се занимава со моделинг во Њујорк од својата 15-та година. Сега има 22 и понатаму е во модната индустрија, а последниот кастинг на кој била ја скршил до солзи. Ѝ кажале дека е предебела. Во ништо друго немало проблем, само во тоа што не ѝ ги гледале коските, а наводно тоа бил посакуваниот изглед. На сето тоа, бидејќи снимањето било за неколку месеци, од неа побарале до тогаш да ги изгуби килограмите.
@annavgantt Welcome to the reality of modeling in NYC. I'm so crushed. #fyp #nyc #modeling #fashion #model #nyclife
original sound - Anna Gantt
Како некој што е долго во тој свет, раскажала како се борела со пореметувањето во исхраната, како и другите здравствени проблеми кои биле предизвикани од изгладнувањето и дека едвај се извлекла од тоа и дека сега конечно не изгледа како костур кој се движи, иако и понатаму е слаба. Изгледа здраво и се чувствува здраво, но за модната индустрија, таа е дебела и како таква не може да добие работа. Предебела е за да биде обичен модел, а преслаба за да биде „плус сајз“.
На модните писти можеш да видиш голем број на модели кои зигледаат како костур, а Ана раскажа дека од искуство знае дека е ретко кој може да изгледа природно толку слабо, дека поголемиот дел модели се изгладнуваат за да добијат работа.