Додатоците за бања како украс на елка: На луѓето во исто време им е престрашно и супер креативно (ВИДЕО)
На една елка завршија мрежести сунѓери за капење. За крајниот впечаток процените сами.
Доколку сте заситени од оние класичните и традиционални декорации на елките и сакате нешто сосема поинакво, нешто е лудо и необично, би можеле да се инспирирате од предлогот на ТикТокерката Сем Холтвик.
Имено, таа својата елка ја декорирала со мрежести сунѓери за капење, кои повеќето од нас ги имаат во своите бањи.
„Наречете ме луда, но како порано не се сетив на тоа“ - напиша Сем во видеото на ТикТок, кое има повеќе од 3,5 милиони прегледи.
„Кога сакате елка со колачињата, но не сакате да плаќањете за скапи украси, тогаш ова е решението“ - им препорача на своите следбеници.
Во видеото од 16 секунди, Сем демонстрира како изработува украси за својата елка. Зима еден куп шарени мрежести сунѓери, на нив лепи кратон во облик на конус и на крајот добива дерација што наликува на шеќерна волна на стапче.
@samholtwick Call me crazy but how have I not thought of this before?! When you want a Christmas Candy Theme tree but don’t want to pay a ridiculous amount #christmas #christmashack #christmasdecor #christmastree #christmastiktok #christmas2022 #diy #girlmom #lifehack Dance of the Sugar Plum Fairy (Trap Remix) - Christmas Classics Remix
На крајот на видеото се појавува нејзиното насмеано дете и елката.
Нејзиниот начин на украсување доби многу коментари, од оние кои беа воодушевени, до оние кои се згрозени.
Не знам дали ова ми е престрашно или предобро“, „Не сум сигурен како ќе испадне, но всушност е прекрасно и супер креативно“ - се дел од коментарите.
Можно е Сем да започна нов тренд кога е уркасувањето на елките во прашње, бидејќи една жена во коментар се пожали дека во продавница да купи такви сунѓери, но дека намало ниту еден на полицата.
фото: Принтскрин / Инстаграм