Додаток без кој Анастасија Ражнатовиќ не може: Не ја пропушта можноста да носи парчиња кои секоја комбинација ја прават поефектна
Само еден детаљ на вас може потполно да ја промени комбинацијата и да го направи изгледот посебен, а тоа е додатокот кој Анастасија Ражнатовиќ секогаш го носи.
Анастасија Ражнатовиќ иако е млада пејачка веќе стана синоним за добар моден вкус чии комбинации често се коментираат и копираат.
Додека внимателно ги одбира модните комбинации, верно се посветува и во изборот на додатоци кои скоро секогаш ги носи.
Со доаѓањето на есента, Анастасија се одлучи за неколку интересни комбинации, а не ја пропушти можноста да ги носи и омилените парчиња накит.
За тоа колку накитот има моќно дејство зборува и фактот што кога ќе вклопите ланче, обетки и/или нараквица со модната комбинација, во истиот момент ќе се почувствувате посамоуверено и попријатно во своја кожа, бидејќи знаете дкеа го имате комплентирано изгледот.
Модните комбинација на Анастасија Ражнатовиќ често се екстравагантни и луксузни, но и лежерни и урбани. Без оглед на тоа, секогаш на себе има по некое парче накит, а најчесто обетки.
Додека за гламурозните прилика одбира ефектни ланчиња или обетки, за дневните комбинации секогаш изборот ѝ паѓа на минимализмот.
Во продолжение погледнете каков накит вообичаено носи Анастасија: