Додека кај нас ситуацијата е неизвесна, еве кои европски држави ќе ги отворат училиштата
Низ целиот свет владите се обидуваат да ги убедат учениците и наставниците дека можат безбедно да се вратат на училиште. За Европа, стартот на новата учебна година значи сигнал за враќање во нормалноста. Но, секаде искуствата се различни. Како и плановите за новата учебна година.
Во Италија учениците останаа дома од март до крајот на летните одмори. Во Данска децата се вратија во училиштата уште пролетва по проценката дека најлошиот дел од пандемискиот прв бран поминал. Сите се обидуваат да ги убедат родителите и децата дека учењето лице в лице или со физичко присуство во училиштата ќе биде рестартирано во септември. Но, никој во моментов не може да тврди дека навистина ќе биде така, зашто планираното отворање на училиштата не можеше да дојде во полошо време. Многу европски земји искусуваат нов пораст на корона-случаите, што ја става под прашање новата учебна година.
Не помага многу непотврдениот став за улогата на училиштата во трансмисијата на вирусот. Далеку помалку случаи се детектирани меѓу децата отколку меѓу возрасните, но научниците се уште не се сигурни колку веројатно децата го пренесуваат вирусот на другите. Сепак, здравствената димензија не е единственото гајле - учениците и родителите имаат грижи и за други потенцијалните ризици – раните истражувања покажуваат дека затворањето на училиштатата има негативни ефекти на образованието и добробитта на децата.
Затоа земјите настојуваат да ги отворат училиштата наспроти потенцијалниот втор бран кој се наѕира на есен. Еве како шест европски земји се надеваат дека ќе ги задржат училиштата отворени за децата, а вирусот под контрола.
# ШПАНИЈА
Нема национален датум за враќање во училиште во Шпанија. На 7 септември некои од училиштата во неколку региони тоа ќе го сторат први. Владината препорака вклучува дистанцирање и користење на библиотеките и кантините за да се овозможи дополнителен простор на учениците. Наставниците, сепак, се жалат дека препораките водат кон контрадикторни правила во земјата – зашто 17-те региони во Шпанија можат да создаваат сопствени образовни политики, што води кон конфузија.
Каталонската регионална влада, на пример, ангажирала 5000 дополнителни наставници за да создаде стабилни групи од ученици и ќе ги лимитира генералните контакти внатре во училиштата, со што ќе се избегне носењето маски и социјалното дистанцирање во училиштето. Регионот на Мадрид, пак, има намера да ангажира 600 наставници и предлага 4 различни акциски планови, зависно од степенот на пандемијата, вклучувајки и парцијално посетување настава и учење на далечина.
# ФРАНЦИЈА
Француските училишта се подготвени да се отворат на 1 септември, со исклучок на областите декларирани како активна вирусна циркулација - Париз и Марсеј, каде што е можно училиштата да останат затворени. Министерот за образование вели дека учениците немаат потреба од дистанца каде што е можно одржување на оддалеченоста, надвор и внатре. Децата над 11 години, сепак, ќе мора да носат маски и внатре и надвор ако минималната дистанца од 1 метар не може да биде одржана. Училиштата ќе треба да обезбедат маски за пероналот, но министерот за образование вели дека има само 3-месечна залиха од нив. Учениците се очекува самите да си набават маски.
# ИТАЛИЈА
Италијанските училишта треба да се отворат на 14 септември откако беа затворени 6 месеци. Персоналот ќе носи маски, а владата неделава ќе одлучи дали ќе треба да ги носат и децата. Класовите ќе бидат помали за да овозможат оддалеченост меѓу 8-те милиони ученици во земјата што значи дека е потребен простор за нови училници. Според асоцијацијата на училишните директори, на Италија и се потребни 20 илјади дополнителни училници за 400 илјади ученици.
Италијанските медиуми јавуваат дека комитетот на експерти што ја советува владата смета дека дистанцирањето може да се избегне неколку месеци ако учениците носат маски додека властите бараат решение за нови училници.
# БЕЛГИЈА
Белгиските училишта се спремни за реотворање на 1 септември наспроти порастот на инфекциите за време на летниот период. Експертите за едукација велат дека владата не смее да гледа само на здравствените ефекти туку исто така и на влијанието на едукацијата и добробитта на децата. Според нив, придобивките од наставата наставник-ученик се поголеми од опасноста од инфекција. Ако се зголеми бројот на заболени во некои региони, учениците во средните училишта ќе одат на училиште секоја втора недела во алтернативни групи.
# ГЕРМАНИЈА
Новата школска година стартува на различни датуми во 16 германски федерални покраини. Во неколку северни, меѓу кои и во Берлин, учениците се веќе на училипте. Во јужните покраини наставата продолжува во септември.
Образованието е региоанална надлежност и значи дека секоја земја има различен план, но геманската национална академија за природни науки издава генерални насоки. Нејзината препорака е носење маска за деца над 15 години, малку контакти меѓу групите во училиштата и продолжено тестирање.
Во некои покраини носењето маски во училиштата е задолжително. Други не препорачуваат нивно носење, а некои мораат да ги носат само надвор од училниците.
За наставниците, ваквите одлуки се контрадикторни и тие сметаат дека најдобро би било да има систем кои ќе ги раздвојува класовите и кој ќе озвозможи само по неколку ученици во училницата.
# ПОЛСКА
Полска ќе ги отвори училиштата на 1 септември освен во неколку региони со повисок број на корона-инфекции. Моментната епидемиолошка ситуација дозволува да се врати стандардниот начин на образование со непосреден контакт меѓу учениците и наставницие, вели минситерот за образование. Нема барања за носење маски или за ограничување на бројот на учениците но децата ќе бидат замолени да ги мијат рацете почесто и да избегнуваат котакти во поголеми групи. Од 380 области во земјата, во 19 има рестрикции поради вискиот број корона-случаи. Во овие области, бројот на ученици што ќе може да се собираат на едно место – ќе биде ограничен. Директорите на училиптата ќе имаат овластување да се пренасочат кон кон виртуелно учење или кон хибридни модели ако се појават нови корона-случаи во училиштето.
# ДАНСКА
Данските училишта се отворија на 10 август, но многу ученици веќе се имаа вратено пролетва откако државата го запре карантинот и рестриктивните мерки. Кога училиштата се отворија децата учеа во помали групи од 10 до 12, седеа оддалечени 2 метра во училница и ги миеја рацете секој час и пол.
Државата издаде протоколи но им овозможи флексибилност на општините во спроведувањето на правилата. Децата и наставниците не мора да носат маски и Данска не забележа пораст на инфекциите по реотворањето на училиштата.
Ј.Ф.