Додека Ноле „растура“ на терен, таа си најде одлична забава: Тара Ѓоковиќ обожава да чита, ќе ве изненади со изборот
Јелена се обидела да им ја всади на децата љубовта кон книгите, а таа љубов е очигледна кај Тара...
Додека Ноле постигнува успех на еден од неговите омилени турнири, Вимблдон, неговото семејство често го бодри од трибините.
Покрај сопругата Јелена, често имаме прилика да ја видиме и неговата ќерка Тара која и денеска ги собра симпатиите на публиката и фотографите кога излезе на теренот каде што тренираше Новак.
Ноле малку си поигра со неа, малку се гушкаа, а никој не забележа дека и таа како татко и е талентирана за тенис. Сепак, тоа не е единственото нешто што привлече внимание деновиве, а се однесува на малата Тара.
Она за што брмчеа домашните и странските медиуми е една многу убава навика на ќерката на Ноле и Јелена.
Имено, на бројните натпревари кои семејството Ѓоковиќ ги следи од трибините, често е тешко да се најде занимација кое би го окупирала вниманието на децата.
Јелена се труди да им всади добри навики на своите деца со модерен пристап во родителството, а една од нив е читањето.
Со текот на годините често им читаше на децата, а сега љубовта кон пишаниот збор ја всади и во Тара.
На овогодинешниот Вимблдон таа повторно беше фатена со книга во рака и сите погодуваа за кој дел станува збор.
Бидејќи Тара е дете, јасно е дека тоа не е некое комплицирано четиво. Овој пат изборот паднал на многу популарниот роман за деца на англиски јазик - „Академија еднорог“.
Фото: ИнстаграмИзвор: Glossy.espreso.co.rs