Додека ти учиш Математика, некои учат за Бијонсе и пица: Ова се најчудните предмети кои постојат на светот

Додека ти учиш Математика, некои учат за Бијонсе и пица: Ова се најчудните предмети кои постојат на светот

Објавена во: Совети // School zone

Овој избор на предмети е многу поинтересен од оние кои ние ги имаме...

Поимот факултет на сите им звучи досадно и исцрпувачки, а многу студенти ќе се согласат дека не е лесно да се биде студент, особено во денешно време. Но, има и интересни предмети на одредени факултети во светот - се споменуваат дури и познати серии и пејачи!

Факултетот не мора да биде здодевно место. Потребно е само да се избере вистинската насока, но сепак, многу универзитети ширум светот имаат навистина интересни теми кои ги привлекуваат обожавателите на разни серии и обожавателите на многу популарни пејачи, пишува Seventeen. Дополнително, некои предмети се поврзани исклучиво со храна, а не само со серии и познати личности. За повеќето од нив постои листа на чекање и не е лесно да се запишете, а оние кои ќе успеат навистина имаат среќа.

# Еволуција на Тејлор Свифт - Универзитетот во Њујорк

Ако некој ќе биде заинтересиран за овој курс, тогаш тоа дефинитивно се обожавателите на Тејлор. Овој крус се изучува на Универзитетот во Њујорк, каде се следи целиот развој и музичка кариера на пејачката Тејлор Свифт. Интересот за оваа тема е огромен, па дури има и листа на чекање!

# Pizza Hut Apprenticeship - Универзитет Манчестер Метрополитен

Овој курс се изучува во Обединетото Кралство, каде што се учи за производство на храна и финансиска анализа на производите. За оваа тема е грев, ако присуствува некој што не сака пица, бидејќи ова е за вистинските љубители на пица.

# Игра на тронови - Универзитетот во Вирниџија

Не само што се проучува кариерата на Тејлор Свифт, туку и екстра популарната серија „Игра на тронови“! Освен серијата, се изучуваат и сите продолженија на книгите според кои се снимаше серијата, а сигурни сме дека учесниците на овој крус уживаат во предавањата.

# K-Pop Scribner Seminar - Skidmore College

Сите обожаватели на Blackpin - ова е тема за вас. Со овој курс сакаат да ги навикнат студентите на строгост на овој факултет, со оглед на тоа што овој предмет е достапен во прва година.

# Канје против сите: црна поезија и поетика од Хјуз до хип-хоп - Државниот универзитет во Џорџија

Друга позната ѕвезда чија кариера ја учат студентите по овој предмет е единствениот Канје Вест. Таму дури се изучуваат неговите стихови, а се читаат и неговите интервјуа за да се разбере неговата интересна поента.

# Queen Bees, Wannabes и Mean Girls - Универзитетот во Колорадо

Обожавателите на филмот „Mean Girls“ дури можат повторно да го гледаат филмот за оваа тема во форма на домашна задача, бидејќи токму затоа некои девојки на училиште стануваат како Реџина Џорџ во овој култен филм.

# Губење време на Интернет - Универзитетот во Пенсилванија

Да, и ова е можно. Постои тема наречена губење време на Интернет, каде што студентите всушност поминуваат до 3 часа на Интернет каде што им е дозволено само да се допишуваат. За некои ова е сон, нели?

# The Hunger Games: Class, Politics and Marketing - Американски универзитет

Друга серија вредна за проучување низ оваа тема е „The Hunger Games“, која може да се слуша на Американскиот универзитет. Дополнително, во оваа тема постои можност некој од гостите да биде и некој од актерите од популарната серија.

# Бијонсе 101 - Универзитот Рутгерс 

Ако сепак ја сакате Бијонсе повеќе од Тејлор Свифт, има тема и за вас. На овој предмет дури се споредуваат нејзините спотови и песни со одредени политички теми, а тоа може да биде навистина интересно.

# Пчеларско стажирање - Универзитетот во Флорида

На овој предмет можете да научите сè за пчелите и да станете вистински пчелар, а таму ќе научите за биологијата на пчелите, управувањето со кошниците и многу други работи кои, секако се поврзани со пчелите и пчеларството.

# Уметноста на селфињата - Сити Лит, Лондон

За подобрување на техниките за селфи, постои предмет и за тоа! Овој предмет може да биде од голема корист за инфлуенсерите и сите други кои сакаат да се фотографираат, бидејќи тоа е најдоброто место за да дознаете како да направите одлично селфи.

# Breaking Down Breaking Bad - SUNY Бафало

„Breaking Bad“ за домашна задача? Може, особено кога станува збор за испитување на клучните точки на дејствување како што се инспитуваат за време на слушањето на овој предмет.

# Социологија Мајли Сајрус - Факултет Скидмор

Исто така, постои тема што ја проучува трансформацијата на Мајли - од ѕвезда на Дизни во вистинска, светски позната пејачка. Покрај тоа, тие ги истражуваат медиумите кои од тогаш станаа опседнати со Мајли и сите нејзини постапки.

# Развој на апликации за iPhone - Универзитетот Стенфорд

Обожавателите на iPhone дефинитивно би сакале да бидат на овие предавања кога ќе научат како всушност да креираат апликации на iPhone. Покрај тоа, студентите на овој предмет дури и дизајнираат свои апликации, па сам озамислете како би било да користите апликација што сами сте ја создале на вашиот iPhone...

# Тактичко постапување со тешки луѓе - Универзитетот во Калифорнија, Лос Анџелес

Овој предмет е за оние кои се опкружени со токсични луѓе и да научат како да се однесуваат со нив во лоши ситуации. Таму се решаваат проблемите поврзани со жалење, непромисленост, манипулација, барање внимание, кршење на правилата и сè што е слично на тоа.

# Преживување на претстојната апокалипса на зомби: катастрофи и човечко однесување - Универзитет во Мичиген

Ако посоти интересна задача, тогаш дефинитивно ова е она акаде што ќе научите како да ја преживеете апокалипсата на зомби. Покрај тоа, се учи и како луѓето ќе се однесуваат по апокалипсата на зомби и како тоа ќе влијае на целиот свет. Во секој случај, необично и интересно.

# Shakespeare to RuPaul: Drag in Entertainment- Универзитет во Централна Флорида

Ако го сакате театарот, тогаш сигурно би го сакале овој предмет кој е поврзан, ни повеќе ни помалку, туку со театарот, Шекспир и РуПол.

# Хари Потер: книжевна традиција и популарна култура - Факултет за уметност и дизајн Отис

Ако нешто сакаме, тоа е Хари Потер. Но, овде не се учи да се биде волшебник, туку се изучуваат сите книги за Хари Потер и се учи како тој го направил читањето на книги толку магично.

# Cow to Cone - Државниот универзитет во Пенсилванија

За оние кои ги интересира производството на сладолед, ова е предмет за вас, каде ќе научите сè за производството на сладолед до раководството на компанија за сладолед. Покрај тоа, можете да ги научите сите разлики помеѓу видовите сладолед и како да ги направите.

# Качување по дрво - Универзитет Бингамтон

Ако сте едни од оние несмасни луѓе, тогаш можеби треба да се заинтересирате за овој предмет за да се научите како да се борите со несмасноста, бидејќи овде учите правилно да се качувате на кое било дрво. Студентите кои го посетуваат овој курс, праксата ја имаат веднаш до факултетот, бидејќи насекаде има дрвја.

# Јапонско мечување - Универзитетот Џорџ Вашингтон

Традиционалната уметност на јапонско мечување секако е интересна за многумина, а била развиена од самураите. Токму ова е темата на овој предмет на Универзитетот Џорџ Вашингтон!

# Сурфање - Универзитетот во крајбрежна Каролина

Замислете само предавање на плажа - тоа е буквално остварување на сите соништа каде наместо книга, во рака држите даска и учите да сурфате. Премногу добро!!

# Basic Scuba - Универзитетот во Масачусетс

Покрај сурфањето, има и предмет за нуркање! Сигурни сме дека е одлично искуство наместо предавања да се нурнете во прекрасното море и да го истражувате подводниот свет што постои.

# Ракети и инструменти - Универзитетот во Вашингтон

Кој вели дека само децата можат да си играат со ракети? Во овој случај, студентите на овој Универзитет се забавуваат и со ракети, каде што лансираат ракети во воздух и учат физика над висината до која ги испукале ракетите - интересно, нели?

# Управување со стресот - Факултет во Њу Џерси

Овој предмет е многу сличен на часот по медитација бидејќи предава техники на медитација кои истовремено го намалуваат стресот. Покрај тоа, ова е исто така еден од оние предмети каде што нема многу простор - очигледно е дека многу студенти често се под стрес.

фото: Инстаграм - @beyonce / unsplash.com

Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: