Додека водела борба со ракот, останала без своето куче: Го пронашла по 5 години и 1.600 километри подалеку
Жена од Њујорк чие куче исчезнало пред 5 години, повторно е со својот миленик откако животното било пронајдено во азил во Тенеси, околу 1.600 киломентри подалеку од својот дом.
Џен Коста, сопственичката на кучето, раскажала дека нејзиниот англиски булдог Азура исчезнал пред 5 години, набрзо откако таа била на операција на која ѝ го отстраниле ракот на јазикот.
Открила дека нејзиниот татко се грижел за кучето додека била во болница, но еден или два месеци по интервенцијата Азура исчезнала, што влијаело на нејзиното ментално здравје и депресијата.
Сепак, по 5 години добила повик од азилот за кучиња во Тенеси, кој од нејзиниот дом е одалечен дури 1.600 киломентри, а податоците на сопственичката ги нашле откако го прочитале чипот на кучето.
Џен открила дека вестите стигнале во моментот додека била на фризер.
„Мораше да престанат да ме шишаат и да ми подадат марамче, бидејќи почнав да плачав“.
Од азилот ѝ кажале дека подеднакво се изненадени од приказната на Азур и дека би сакале кучето да може да им раскаже како се случило тоа.
„Таа ќе добие што ќе посака. Таа е моментално број еден и тоа го знае“ - кажа Џен откако го виде своето куче по долги пет години.
фото: Твитер