Доделена главната награда – Citroën C5 Aircross од наградната игра „Телеком наградува“
Алмедина Иљазоски од Кичево е добитник на Citroën C5 Aircross, главната награда од наградната игра „Телеком наградува “ на Македонски Телеком. Деветнаесетгодишната Алмедина е долгогодишен припејд корисник на Македонски Телеком, а во наградната игра се вклучила од самиот почеток. Денес таа ги доби клучевите од својот нов автомобил.
Во наградната игра којашто траеше од 6.12.2021 до 24.1.2022 година учествуваа повеќе од 60 000 припејд и постпејд корисници, со бесплатно регистрирање преку апликацијата Telekom MK, за што секој регистриран учесник добиваше 5 GB мобилен интернет.
Освен главната награда, Citroën C5 Aircross, Македонски Телеком секојдневно доделуваше и по еден смартфон Samsung Galaxy A22, со што вкупно се доделени 50 дневни награди.
Сите добитници се објавени на веб страницата на Македонски Телеком.
* ПР - објава