Дојде до промена на тронот: Која позната дама има најмногу следници на Инстаграм?

Дојде до промена на тронот: Која позната дама има најмногу следници на Инстаграм?

Објавена во: Мода // Moj стил

Прва девојка која дојде до оваа бројка...

На тронот на Инстаграм често нема големи промени. Познатите личности кои имаат многу следбеници најчесто се недостижни за сите останати, но и таму, се случува некој да биде тргнат од тронот. Како сега на пример.

Досега најследена дама на Инстаграм беше Ариана Гранде и прилично долго време никој не можеше да дојде блиску до неа, а за престигнување да не зборуваме. Сѐ до сега. Ариана повеќе не е девојката со најмногу следбеници, а ја престигна еден член од семејството Кардашијан - Џенер.

Тоа е Кајли! Таа моментално има 301 милион следбеник и така стана првата дама која се приклучи на клубот од 300 милиони следбеници, пишува „Mirror“. До сега во него беа само Кристијано Роналдо и Меси. Ариана до неодамна беше најследена, но таа сега остана на 289 милиони следбеници, што е помалку од бројот на следбеници на Кајли. Уште две дами кои се во близина со бројките и кои може да ги достигнат Кајли и Ариана се Селена Гомез (289 милиони) и Ким Кардашијан (289 милиони).

Всушност ова е многу чуден тајминг за Кајли да добие толку следбеници со оглед на тоа што во последно време престана често да споделува содржини. Истото го направи и кога беше првпат бремена. Изгледа дека тоа е добра тактика за да привлече следбеници, барем се покажа како добра во нејзиниот случај. Сите нетрпеливо очекуваат кога ќе биде објавена веста дека се породила и секако да се дознае името на детето, бидејќи сигурно ќе биде некое не толку вообичаено.

фото: Принтскрин/Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: