Доказ дека фарбањето на веѓи не се прави секаде: Уште една девојка замина разочарана од козметички салон

Доказ дека фарбањето на веѓи не се прави секаде: Уште една девојка замина разочарана од козметички салон

Објавена во: Мода // Moj стил

Оваа девојка е само една од многуте кои своето лошо искуство со фарбање на веѓите го сподели на ТикТок...

На некои девојки веѓите им значат многу - важно им е да се уредни, секогаш да изгледаат добро, секое влакно да е на свое место и сѐ да изгледа совршено. Токму поради тоа, многу одат на посебни третмани за веѓи во козметичките салони кои ги нудат тие услуги, па со самото тоа ги кратат маките околу уредувањето на веѓите, особено кога е во прашање фарбањето, бидејќи таа боја одреден период останува на нив. 

Но, оваа девојка го сподели своето незадоволство по третманот, а всушност е само уште една во нзиата девојки често се назадоволни по овие третмани. Корисничката на ТикТок, @sydneywoy, која за краток период на своето видео собра повеќе од половина милион лајкови, на видеото веќе има повеќе од 9 милиони прегледи.

@sydneywoy

Going for a swim with my weighted blanket

original sound - sydney woy

Во тоа видео таа го искажа своето незадоволство од своите веѓи по третманот за кои смета дека се претемни: „Ве молам кажете ми зошто веѓите ми изгледаат како да ми ги правеле со сечила? Се надевам дека следниот ден ќе ми биде последен“. 

Видливо е дека веѓите ѝ се многу потемни од косата и дека обликот е премногу остар, како да се нацртани со молив. Тоа го забележале и останатите корисници на ТикТок кои го споделија своето мислење: „Изгледа како да заборавиле да ја избришаат бојата“, „Кој и да ти го направил ова заслужува да биде во затвор, жал ми е“ - се само некои од коментарите.

Потоа оваа девојка објави ново видео во кое покажа дека се обидела да го намали интензитетот на бојата на веѓите, но посочи дека смета дека ќе предизвика само реакција на кожата поради сите средства кои ги ставила на лицето за да ја отстрани бојата.

@sydneywoy

Reply to @lydiagenovesi this is my 13th reason

original sound - sydney woy

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: