Доколку бил направен како што сакале продуцентите, децата денес би имале трауми
„Кралот Лав“ на многумина во сеќавањето им остана како омилен цртан од детството, но доколку би завршувал како што сакале продуцентите, наместо убави сеќавања, некои најверојатно би имале трауми.
Имено, цртаниот филм би требало да има поинаков крај, но поради децата на лидерите на Дизни решено е крајот да се промени.
Како што знаеме, во финалниот конфликт помеѓу Симба и Скар, неподносливиот вујко е поразен и умира откако ќе го уништат неговиоте некогашни сојузници - хиениете.
Во другата верзија Скар го бутка Симба од карпа и мислејќи дека го убива почнува да ја слави победата, при што влегува во оган која самиот ја има запалено.
Од Дизни сепак заклучиле дека сликата на Скар кој гори жив не е примерна за неговата публика, па се одлучиле за „поблагата“ верзија во кој тоа е „само“ изеден.