Доколку го прашате Гугл - Јелена Карлеуша има 62 години: Еве како се случи тоа

Доколку го прашате Гугл - Јелена Карлеуша има 62 години: Еве како се случи тоа

Објавена во: Живот // Живот

Некој очигледно сакал да се пошегува и го изменил датумот на раѓање на пејачката...

Познатата српска пејачка Јелена Карлеуша се најде на мета на луѓето кои сакаа да се пошегуваат, па на интернет може да се најде податок дека пејачката има 62 години.

Како што е познато, Јелена е родена на 17 август 1979 година и пред неколку месеци го прослави својот 42 роденден.

Меѓутоа, кога на Гугл ќе се пребара „Јелена Карлеуша“, од страна ќе ви се појават основните податоци од сајтот Википедија, каде што пишува дека Јелена е родена на 17 август 1958 година и дека има 62 години.

Но, доколку се влезе на страницата „Јелена Карлеуша“ на Википедија податоците за нејзиниот датум на раѓање, годините, како и тоа дека е омажена за фудбалерот Душко Тошиќ и дека има две ќерки, Атина и Ника - се точни.

На Википедија, членовите може да пишуваат и да ги дополнат податоците, но сепак администраторите кога ќе воочат грешка може да ја исправат.

Меѓутоа, поради количината на информации и членови на Википедија, изгледа дека не е лесно некој да ја воочи грешката, но за среќа овој пат се реагираше и сега повторно ќе ви се појават точните информации за познатата пејачка.

Извор: telegraf.rs

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: