Доколку наставата се изведува онлајн ќе изгубиме една до две генерации
Предупредување...
Здружението на родителите „Наши деца 2014“ во понеделникот во Мостар одржа протестен марш, наречен „Социјализација, а не екранизација“ на кој се собраа околу 300 граѓани на Мостал, кои се противат на поединечни мерки на Кризниот штаб на Министерството за здравство, труд и социјална заштита, во врска со изведувањето на на наставата.
Член на Управниот одбор на здружението „Наши деца 2014“, Драган Муса вели дека децата се мотив за овој протест.
„Се бориме за нашите деца, нивното образование и низ што е можно понормално образование да усвојат што повеќе знаење. Најважното барање кое го поставив е онлајн наставата да се изведува само во случај на карантин, а другото барање, кое исто така е важно, е доколку има едно заразено дете во одделението, само тоа да оди во самоизолација, а не и целото останато одделение“ - кажа Муса.
Муса додава дека рацете им се врзани, бидејќи немаат соговорник од другата страна.
„Со овој собир се обидуваме да го испровоцираме Министерството за образование да се јави, да ги сослуша зборовите на родителите и да види кои се нашите проблеми и во склоп на тоа да се обидеме да изнајдеме заедничко решение“ - наведе Муса.
Претседателот на Синдикатот на наставници, Славко Лауш ја истакна една од најважните пораки поради која родителите се против онлајн наставата:
„Доколку дојде до тоа учениците да посетуваа онлајн настава, тогаш сигурно ќе имаме една или две изгубени генерации“.