Доколку сакаш да го освежиш изгледот немој да чекаш: Овие бои за коса ќе бидат ИН следната година
За секоја природна боја се наоѓа инспирација...
Крајот на годината се наближува, а воедно се најавуваат и сите нови трендови кои ќе бидат популарни во новата, 2022 година. Така во морето фризури се најавуваат и боите кои ќе бидат екстра популарни во новата година, а ние ја издвоивме за секоја боја на коса онаа за која се смета дека следната година ќе биде апсолтен победник.
# Карамел balayage
Идеалната боја за сите оние девојки со кафена коса е карамел balayage - изгледа одлично и нема голема потреба за одржување со оглед на тоа што коренот ќе остане во вашата природна боја.
# Црвено - кафена комбинација
Оваа боја може одлично да им прилега на оние кои имаат навистина темна коса, а темноцрвената/кафена боја одлично им прилега на темнокосите девојки.
# Ретки руси прамени
Ретките руси прамени може да одговараат на било кој тип и боја на природна коса. Оваа боја е специфична и може да изгледа одлично, бидејќи овие прамени изгледаат како да се осветлени природно од сонцето.
# Медено руса
Може најубавата боја за русокосите е медено русата до златна боја на коса, односно боја на мед која изгледа предобро. Кај неа постои само една маана, а тоа е дека ѝ потребно почесто одржување доколку сакаш секогаш да изгледаш топ.
# Ладна црна со сиво
Ретки се оние личности на кои одлично им одговара црната боја на коса. Но, ладната, но мека црна боја, со примеси на сива, ќе биде во тренд следната година, затоа оние девојки на кои црната им одговара, знаат што треба да направат.
# Црвено - портокалова комбинација
Оваа комбинација би можела да биде идеална за оние девојки кои имаат светли очи. Општо е познато дека портокаловата најдобро одговара со оние со сини или светлозелени очи, а оваа комбинација на портокалова со некои примеси на црвена ќе биде одлична за сите тие среќнички кои ќе бидат во тренд.