Доколку се пронајдеш во овие 9 секојдневни ситуации значи дека си поинтелигентна личност од другите
Ова е научно потврдено!
Дали некој навистина е неверојатно интелигентен нема да открие времето за кое ја решил математичката задача, туку тоа се открива од сосема други секојдневни ситници. Доколку добро ти оди математиката или учењето на странски јазици, тоа може да значи дека едноставно си надарен за нив.
Постојат различни верувања околу тоа што е показател за тоа колку една личност интелигентна, но некои од нив се и научно потврдени преку различни истражувања. Научниците пронајдоа врска помеѓу овие 9 секојдневни однесувања и висок коефициент на интелигенција. Колку повеќе се пронаоѓаш во нив, толку си поинтелигентна личност од останатите.
Во продолжение погледнете за кои знаци зборуваме:
# Мајка ти постојано ти зборува дека си мрзелив/а
Еден експеримент покажал дека личностите кои имаат висок коефициент на интелигенција, на другите им изгледаат како да се мрзеливи. Физички се помалку активни, но тоа го надополнуваат со размислување. Оние кои се помалку интелигентни брзо почнуваат да се досадуваат кога немаат што да прават и започнуваат да го полнат распоредот со различни активности, додека оние кои се интелигентни остануваат во кревет и не прават ништо. Доколку мајка ти секој втор ден ти посочува дека си мрзелив/а, можеби тоа и не е толку лошо како што изгледа.
# Постојано забораваш ситници
Иако се смета дека помнењето е добар знак за интелигенција, едно од најновите истражувања го говори она спротивното. Постојат две причини со кои тоа се објаснува. Првата е дека кај оние кои се попаметни, мозокот секогаш ја гледа поголема слика и затоа заборава на некои мали неважни работи, а другата зборува дека тоа е знак дека мозокот полесно се прилагодува на нова ситуација, ја заборава старата и за момент ужива во новата. Твојот мозок не заборава, туку прави место за нови идеи. Тоа звучи подобро отколку да кажеш дека имаш заборавено.
# Повремено користиш пцовки
Иако користењето пцовки не е убаво, а ни пристојно, на сите понекогаш ни се случува да ни излета некоја кога нешто многу ќе не налути. Повеќе истражувања потврдија дека луѓето кои користат пцовки имаат подобар вокабулар, што е знак за интелигенција. Секако, тоа не значи дека доколку секој втор збор ти е пцовка дека си екстремно паметна личност, туку само доколку понекогаш ти излета нешто вакво.
# Лесно им веруваш на луѓето
Постои логично размислување кое наведува дека паметните луѓе потешко им веруваат на другите и дека ќе бидат скептично, но ситуацијата е сосема поинаква. Научниците докажаа дека паметните луѓе полесно веруваат.
# Имаш мачка за домашно милениче
Некои истражувања покажаа дека луѓето кои како домашен миленик чуваат мачка се посмирени, почувствителни, но и дека имаат повисок коефициент на интелигенција.
# Не сакаш да јадеш црвено месо (свинско, говедско, јагнешко, телешко)
Што ќе јадеме, а што не најмногу зависи од тоа од каде сме, како животен стил имаме и какво е нашето семејство. Ретко кој може да бира што ќе јаде, кај голем број мајката е онаа која го води главниот збор околу оваа одлука. Но сепак, личностите на кои не им е омилено црвеното месо се личности кои се интелигентни. Тие што имаат повисок коефициент на интелигенција преферираат риба, зеленчук и живина.
# Секогаш твоите идеи завршуваат со пофалба
Можеб не знаеш да измислиш некој револуционерен изум, но тоа не значи дека си глупава личност. Интелигентните луѓе не мора секогаш да знаат како да направат нешто, но секогаш имаат добри идеи и некои необични, но ефективни решенија за како да ги решат проблемите со кои се среќаваат. Луѓето кои се интелигентни често имаат идеи кои на другите ќе им изгледаат чудни и блесави.
# Си легнуваш доцна
Ноќните птици се тип на луѓе кои се попаметни од останатите. Тоа се оние кои си легнуваат доцна и на кои не им е проблем да останат будни до 2 - 3 наутро. Поради тоа спијат помалку и се често уморни, но тоа не значи дека се глупави зошто повторно останале долго будни, туку дека нивната интелигенција не им дава да спијат.
# Си ги грицкаш ноктите
Една грда навика која всушност може да биде и позитивна. Едно неодамнешно истражува покажа дека грицкањето на ноктите е знак дека таа личност е перфекционист. Психолозите тврдат дека навиките кои се однесуваат на телото, како гризењето нокти, играњето со коса, стискањето мозолчиња, покажуваат дека некој е интелигентен.
фото: Shutterstock