Докторка упати остро предупредување до сите оние кои веруваат дека Ковид-19 е само обичен грип

Докторка упати остро предупредување до сите оние кои веруваат дека Ковид-19 е само обичен грип

Објавена во: Живот // Живот

Официјални податоци за оние кои не веруваат...

Бројот на заразени со коронавирусот продолжува да расте, а многу држави во светот воведоа карантин.

Британската докторка Хилари упати предупредување дека Ковид - 19 е 25 пати посмртоносен од обичниот грип, а ова најмногу ќе им значи на теоретичарите на заговор, кои, покрај ситуацијата и понатаму не веруваат дека вирусот воопшто постои.

Ковид - 19 е заразна колест која е потврдена кај скоро 50 милиони луѓе ширум светот, додека повеќе од еден милион умреа од истиот.

Бројот на смртни случаи во Велика Британија на дневно ниво редовно ја надминува бројката од 300 луѓе.

Во емисијата „Добро утро д-р Хилари“, таа одговори на ставовите на поединците дека карантинот не е неопходен и дека стотина луѓе умираат од обичен грип, а дека тоа не се пријавува.

„Дали овој човек е сериозен, мислите ли дека грипот навистина убива 500 луѓе дневно?!“ - беше изненадена докторката и даде објаснува:

„Според статистиките, докажано е дека коронавирусот е за 25 пати посмртоносен од грипот. Повеќе од 45.000 луѓе умреа од коронавирус во Велика Британија.“

Високата температура, кашлицата и промената на сетилата за мирис и вкус се најчести рани симптоми на овој вирус.

Тестирајте се на инфекцијата само доколку развиете било кој од овие симптоми.

Некои пациенти, покрај најчестите симптоми, исто така пријавиле и воспаление на грлото, главоболка, па дури и икање.


Извор: telegraf.rs

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: