Долго време ѝ требало на мајка ѝ за да ја прифати нејзината менталната состојба: Ретко кој знае каква борба водела Вилоу Смит
Вилоу Смит проговори за проблемите кои ги имала, а нејзината мајка Џејда Пинкет Смит откри како низ незјината борба ги сфатила своите проблеми.
Имено, Вилоу Смит (21), ќеркат на Вил и Џејда Пинкет Смит, во всвојот аудио-запис „Red Table Talk“ отворено проговори за својата борба со анксиозноста. Раскажа дека ѝ било тешко бидејќи мајка ѝ не ги разбирала нејзините проблеми.
„Имам чувство дека во текот на моето растење не ја разбираше мојата анксиозност, бидејќи таа, додека растела, доживеална многу смртни случаи помеѓу пријателите. Поминала низ толку работи што моите проблеми ѝ делуваа незначајни. И тоа е фрустрираше како дете, бидејќи се прашував како може да не види дека се мачам“ - кажа Вилоу и додаде:
„Имаше денови кога врескав, плачев и само лежев на подот“.
Пинкет Смит призна дека ѝ било потребно подолго време за да ја сфати ќерка си и нејзината ментална состојба, бидејќи поради тоа што е родена во семејство на познати родители имала значително поинаков живот уште при самото раѓање.
„Не знам како е да се биде дете под светлата на рефлекторите. Едноставно не знаев како да ја утешам, и каква помош ѝ е потребна, не ја разбирав“ - кажа Џејда и откри дека гледајќи ја својата ќерката сфатила дека и таа самата го има истиот проблем.
„За да се соочам со нејзиниот проблем учев за него, морав да размислувам за некои свои однесувања и однесувања на својата мајка и да кажам: „Па, веројатно би била и јас анксиозна со оглед на тоа како растев. Ми беше тешко““ - откри Пинкет.
Младата пејчката тогаш ѝ открила на мајка ѝ дека нејзиното признание дека и самата се бори со анксиозноста ѝ го променило животот.
„Ти си ми најдобра пријателка“ - ѝ призна Вилоу на Џејда, која во последно време е мета на жестоки критики.
Џејда се најде на мета на критиките откако нејзиниот сопруг, Вил Смит поради неа физички го нападна комичарот Крис Рок.
Да потсетиме, Рок кажа шега, алудирајќи на избричената глава на Џејда, каква што имаше и Деми Мур во филмот од 1997 година, а на Вил тоа не му се допадна, па се качи на сцената и го удри комичарот.
фото: Принтскрин / Инстаграм