Донирајте што можете, се молам за мир: Ирина Шајк ја поддржа Украина
Една од најуспешните руски манекенки, Ирина Шајк, во вторникот на социјалните мрежи даде поддршка на украинскиот народ, по руската инвазија и ги повика своите обожаватели да се вклучат во работата на хуманитарните организации кои им помагаат на бегалците.
„Не војна! Ќе донирам на УНИЦЕФ и на укранскиот Црвен крст, линковите за донации и ресусрси може да ги најдете на моите сториња, дајте што можете. Се молам за мир“ - напиша.
На стори на Инстаграм објави три фотографии од засолништата на укранските бегалци и истакна дека таквите потресни глетки ѝ го кршат срцето.
„Донирајте барем еден долар. Како воопшто спиеме, работи и функционираме додека се случува ова?“ - напиша манекенката покрај фотографијата.