Донирајте со срце за Цобе – Се ближи рокот за операцијата, недостигаат уште средства
Веќе неколку недели хуманите луѓе донираат за Слободан Попов, кој што има напредна фаза на злокобната болест канцер. За спас на неговиот живот, дадени се препораки за радикална операција, односно ампутација на целата негова нога. Цобе и неговото семејство решиле лекувањето да се спроведе во Солун Р. Грција, со помош на интегративна онкологија, која го третира проблемот како спој од повеќе познати и научно докажани методи за лекување. Постигнале договор за спроведување на третман со онко-хипертермискаи хемо-терапија со Друштвото за трговија и услуги БИОМЕД ЕИД дооел Скопје, која е овластен дистрибутер на Onco-HyperthermiaGroup, Thessaloniki, Грција и EUROMEDICA GENIKI KLINIKI OF THESSALONIKI, Грција.
Со терапијата поголем дел од депозитот е уништен и е доведен во ситуација да биде отстранет со операција, а со неа ќе биде комплетно променет постоечкиот имплант (вештачки колк и бутна коска), кој претходно бил неуспешно е вграден при операцијата во Скопје.
Операцијата чини околу 50.000 €, кои за жал Цобе и неговото семејство не можат да ги обезбедат самостојно, при што побараа помош од добронамерните луѓе. Донациите растеа секојдневно во текот на минатите денови откако почна хуманитарната акција со „Срце за Цобе“. Се приклучија многу јавни личности, компании и хумани луѓе кои што донираа и повикуваа на донација. Останаа уште малку финансиски средства за да може Цобе да замине на операција и со тоа да продолжи да го живее својот живот со сопругата и 5 годишната ќерка.
Донациите можат да се извршат на следниве броеви и сметки:
Број за донација
A1 (VIP) 143-463
Телеком 143-103
Сметка за донација:
Донација од Македонија: Трансакциска сметка 200003505609092 Стопанска Банка АД Скопје
Донација од странство во евра:Стопанска Банка АД Скопје, 11 Октомври бр. 7, Бранч Скопје
IBAN CODE: MK 07200003505611129EUR SWIFT CODE: STOBMK2X
Цел на дознака: Донација за Слободан Попов
Линк за донација gofundme: https://www.gofundme.com/f/jay7xw-medical-treatment?utm_source=facebook&fbclid=IwAR0Aah2G0nID_OHCaT779cotBCiAfb6-ElEjFuB4gQaEVpliwRJ5acdeWRk