Досега му ги снимаше само грбот и мускулите: Сега е откриено како изгледа момчето на Бресквица (ФОТО)
Дечкото на Анџела е осум години постар од неа
Пејачката Анџела Игњатовиќ-Бресквица минатата година стави крај на долгогодишната врска со раперот Михајло Веруовиќ-Војаж. Нивната разделба предизвика хаос на социјалните мрежи, но и поделеност на обожавателите.
Секој тргна по својот пат, се посветија на независни кариери, а набргу по разделбата, Бресквица вплови во нова љубовна романса со осумгодини постаро момче, додека Војаж се‘ уште е сингл.
Она што досега се знаеше за момчето на Анџела е дека е член на интервентната единица, дека има големи мускули, тетоважи, но и дека пејачката е лудо вљубена во него. Овој млад човек се вика Никола Станисављевиќ, цело време се обидувал да го скрие идентитетот, но сепак не успеал.
Инаку, Бресквица досега неколку пати објавувала и прстен со фотографии на нејзиното момче, инсинуирајќи ја свршувачката, а за јавноста е непознато дали тоа навистина се случило.
Да потсетиме, по разделбата на врската со Михајло Веруовиќ-Војаж, Анѓела Игњатовиќ-Бресквица влезе во нова врска, но сегашното момче го крие од очите на јавноста.
- Тој е некој што ја сака својата приватност и не сакам да му го покажам, ако тој не сака. Тоа е во ред, и нема проблеми меѓу нас поради тоа. Едноставно, јас имам своја работа, тој негова. Секогаш сме заедно, не се разделуваме. Тој едноставно не е некој што сака да се експонира и јас го почитувам тоа – изјави Бресквица за Телеграф на почетокот на годината.
Фото: Инстаграм