ДОСТАВА НА ПЕЛИСТЕРКА ПРОИЗВОДИ НА ДОМАШНА АДРЕСА

ДОСТАВА НА ПЕЛИСТЕРКА ПРОИЗВОДИ НА ДОМАШНА АДРЕСА

Објавена во: После „Школо“ // PR

Македонската компанија Пелистерка, ги вложува сите свои расположливи капацитети за да им излезе во пресрет на граѓаните во овие услови на вонредна состојба и полициски час во државата. Имено, следејќи ги препораките на СЗО како и на нашите институции, од денес, производите од палетата на Пелистерка можете да ги нарачате на телефон и истите ќе бидат доставени на Вашата домашна адреса во најбрз можен рок. Каталогот со производи на компанијата, можете да го најдете на профилите на Пелистерка на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм. 

Екипата на Пелистерка задолжена за дитрибуција низ градот Скопје, е заштитена според највисоки препораки и стандари. Апелираме повозрасните, но и сите останати, да ги искористат поволностите за достава кои што во моментов ги нуди нашата компанија како би се заштитиле себеси но и своите најблиски. Следуваат денови на искушение. Убавото време и подготовките за големиот христијански празник Велигден можат да бидат причина за зголемена раздвиженост што никако не е во полза на намалување на ширењето на пандемијата. 

Затоа, дозволете ние да се грижиме за набавка на вода и останати пијалоци, а вие седете дома! Во овие моменти, дистрибуцијата е достапна само за Скопје и околината но интензивно работиме на проширување на мрежата и во останатите македонски градови.

Чувајте се,

Ваша Пелистерка

Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: