Доставата на вакцина е транспортна мисија на векот: Ќе бидат потребни 8.000 авиони

Доставата на вакцина е транспортна мисија на векот: Ќе бидат потребни 8.000 авиони

Објавена во: Живот // Живот

Доставата на вакцината против коронавирусот ширум светот ќе претставува најголемиот транспортен предизвик во историјата, тврдат претставниците на авиоиндустријата, пренесува Би - Би - Си.

За да може да биде доставена вакцината до сите земји, ќе бидат потребни 8.000 Боинг 747 авиони, соопштено е од Меѓународната асоцијација на авиотранспортот.

Иако вакцината не е произведена, изземајќи ја руската, Асоцијацијата заедно со авиокомпаниите, аеродромите и националната здравствена организација веќе прави план за нејзиниот транспорт.

Планот на дистрибуција предвидува една доза за една личност, пишува Би - Би - Си.

Иако транспортот на стоки е новиот фокус на уништената авионска индустрија, доставата на вакцините е многу посложена задача.

Авионите првенствено мора да ги почитуваат стандардите како што е можноста за одржување на температурата помеѓу 2 и 8 степени, а поединечни вакцини бараат температура под нулата.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: