Доставувач во Белград забележал дете што краде плескавица: Објави видео од кое ќе се распадне секој нормален човек

Доставувач во Белград забележал дете што краде плескавица: Објави видео од кое ќе се распадне секој нормален човек

Објавена во: Совети // Семејство

Нешто најпотресно што ќе го слушнете денес...

На „Reddit“ се појави двеминутно видео во кое Владмир Савиќ, поранешен полицаец, кој моментално работи како доставувач на храна, седи во автомобил некаде во Белград и раскажува една од најпотресните приказни на која никој не остана рамнодушен.

Имено, тој својот автомобил го оставил отклучен и кога се вратил со доставата, забележал дете кое краде храна. На видеото се гледа дека таа сцена толку го потресла што морал да ја сподели со некој.

„Луѓе, ми дојде да заплачам... Еве какво е времето, во Белград врне дожд, работам брза достава на храна, како што гледате. Не го заклучив автомобилот, се вратив и наоѓам дете на возраст од околу 9 години кое зима храна. Мислеше дека ќе почнам да го бркам, па веднаш ја отвори храната и почна да јаде. Му велам: „Сине нема потреба да одиш, седи овде“. Нема да го снимам детето, еве го овде блиску до мене, јаде плескавица. Децата ни крадат храна! На детето му го оставив мојот телефонски број, да дојде во ресторанот каде што работам и да јаде еден оброк дневно и ќе ги замолам сите колеги доставувачи - Немојте да ги бркате децата кои зимаат да јадат, нека одат парите од нашиот џеб!“ - е само дел од исповедта на овој човек.

Во продолжение погледнете го целото видеото кое го сподели поранешниот полицаец на „Reddit“:


Srbijo, deca su ti gladna…
by u/Ser_Nikolaus in serbia
фото: Принтскрин / Reddit

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: