Доживотен тренд: Ова парче облека секогаш е ИН, а достапно на сите!
Доколку прашувате модните експерти кое парче облека никогаш нема да излезе од мода, одговорот секако ќе биде - класична бела маичка со кратки ракави.
Оваа парче облека може да се пронаде во секоја продавница за облека, ги има од најефтини до најскапи, а поради својата едноставност може да се комбинира апсолутно со секоја облека и со сите стилови.
Освен во опуштените комбинации, класичната бела маичка одлично одговара и на поформална комбинација, како одело, а пејачката Џенет Џексон носеше бела маичка на црвениот килим.
Затоа, доколку се уште немате бела маичка во вашиот плакар, време е да си купите.