Дознајте што се обидува да ви каже: Што значи ако вашата мачка трепка?
Ако забележите дека нивната опашка е закривена или завиткана околу вас, тоа се смета за добар знак...
Истражувањата покажаа дека мачките можат да бидат корисни за вашето физичко и ментално здравје. Одлични се за ублажување на стресот и помагаат да се намали анксиозноста.
Знаат да изгледаат ладно и незаинтересирано, но имаат свои начини да покажат љубов и наклоност кон личноста која се грижи за нив.
Како мачките покажуваат љубов?
Опашката и очите на вашата мачка можат да пренесат како се чувствуваат.
Постојат неколку начини на кои мачките покажуваат љубов. Кога за првпат ќе влезете во собата, вашата мачка може да почне да се тркала по подот. Ова е поздрав што значи дека се возбудени што ве гледаат, пишува „The List“.
Тие исто така можат да дојдат до вас и да ве удрат со главата. Иако ова може да изгледа како закана, всушност значи дека ве сакаат и се обидуваат да ве помирисаат.
Опашката на мачката е уште еден лесен показател за тоа како се чувствуваат. Ако забележите дека нивната опашка е закривена или завиткана околу вас, тоа се смета за добар знак.
Нивните очи исто така можат да кажат многу. Бавното трепкање е знак дека им е убаво и удобно во ваше друштво.
Откако ќе ги разберете сите знаци, можете да развиете уште посилна врска со вашето домашно милениче „пријател“.
фото: pexels.com/claudia-schmalz