„Драга девојко во зелен костим за капење...“: Писмо кое би требало секоја тинејџерка да го прочита
Зошто понатаму во центарот на вниманието е тоа како жените изгледаат?
Писмото кое стана вирално на интернет „Драга девојко во зелен костим за капење...“ претставува една одлична критика на општеството. Тоа сведочи за тоа колку и понатаму се безначајни внатрешните вредности на една девојка или жена. Во центарот на вниманието не е нашата интелигенција, внимателност, труд, истрајност или нежност. Важна е само убавината, актрактивноста и „совршеното“ тело.
Затоа се криеме. Се обидуваме да ја сокриеме нашата возраст, своите бемки, своите килограми... Поради тоа постојано ги поправаме и повлекуваме нашите маички, секогаш се обидуваме да бидеме уште поубави и ја фотошопираме сопствената реалност.
Ова писмо е одлична илустрација на проблемите со кои младите девојки се соочуваат при растењето:
Драга девојко во зелен костим за капење,
Јас сум онаа жена која седи на крпата до тебе. Онаа што дојде со едно момче и едно девојче.
Пред сѐ сакам да ти кажам дека е убаво да се седи близу тебе и твојата група на пријатели во овој период од денот во кои нашите простори се допираат едни со други и воздухот е исполнет од вашата насмевка, разговори и вашата музика.
Знаеш ли една работа? Малку се тргнав кога сфатив дека не сум свесна кога го поминав патот: од „девојка“ до „госпоѓа“, од тоа да сум онаа која на плажа оди со пријателите до онаа која ги носи децата со себе.
Но, не ти пишува затоа. Ти пишувам бидејќи би сакала да ти кажам зошто мојот поглед застана на тебе. Те видов и не можев да избегнат и да не те забележам.
Видов дека последна се соблече. Видов дека беше зад сите во групата, дека ја соблече маичката кога никој не гледаше, за да не привлечеш внимание. Но, јас те видов. Иако не те гледав тебе, те видов.
Видов дека седиш на крпата во внимателно одбрана положба и дека го покриваш стомакот со рацете.
Видов како ја ставаш косата зад ушите, спуштајќи ја главата за да можеш да се дофатиш, најверојатно за да не ја поместиш раката од добро проучената опуштена поза.
Видов како стануваш да се капеш и нервозно голташ кнедла бидејќи мора да ја почекаш стоејќи твојата другарка, изложена на погледите и како повторно да ги користиш рацете за да се покриеш. Се обиде да ги покриеш своите стрии, маснотии, целулит.
Видов дека ти е непријатно, бидејќи не можеше да го покриеш телото додека се оддалечуваше од групата, на истиот, дикретен начин на кој ја соблече и маичката.
Не знам дали таа твоја непријатност од самата себе некако е поврзана со начинот на кој твојата другарка која ја чекаше ја пушти својата долга густа коса на совршениот грб, на кој му недостасуваа само крилата на Викториа Сикрет. А ти, во меѓувреме гледаше во подот. Бараше некое прибежиште во себе, се обидуваше да се сокриеш во самата себе.
Драга девојко во зелен костим за капење, би сакала да можам да ти кажам многу работи...
Драга девојко во зелен костим за капење, би сакала да можам да ти кажам многу работи... Можеби затоа што јас, пред да станам госпоѓа со деца, бев тука на твојата крпа.
Сакав да можам да ти кажам дека всушност бев на твојата и на крпата на твојата другарка. Бев на твое, но и на нејзино место. А, сега не сум ниту едната ниту другата или сум можеби малку од двете. Кога би можела да го вратам времето, едноставно би одбрала да се забавувам, наместо да се грижам или да ја намалувам својата вредност размислувајќи на која од двете крпи би била.
Би сакала да можам да ти кажам дека видов дека во чантата носиш и книга и да, каков и да е стомакот на твоето 17 - годишно тело, ќе го изгубеше својот облик пред ти да го изгубиш богатството на твојот ум.
Би сакала да можам да ти кажам дека имаш преубава насмевка и дека е штета што си толку зафатена со сокривањето на самата себе што немаш време да се смееш.
Би сакала да можам да ти кажам дека тоа тело од кое што се срамиш е убаво само затоа што е младоч. Убаво е само затоа што е живо. Поради смаиот факт дека те прегрнува и носи она што си ти навистина и што ти прави друштво во се што правиш.
Би сакала да можам да ти кажам дека би требало да се видиш во очите на жените на 30 години, бидејќи тогаш би сфатила колку заслужуваш да бидеш сакана и да се сакаш самата себе.
Би сакала да можам да ти кажам дека таа личност која еден ден навистина ќе те сака, нема да те сака поради тоа каква си и поради твоето тело, туку ќе го обожува твоето тело, секоја кривина, секој негов дел, секоја линија, секоја бемка. Ќе го обожува единствениот и прекрасен дизајн на твоето тело, а доколку не го направи тоа, доколку не те сака таква каква што си, не ја заслужува твојата љубов.
Би сакала да можам да ти кажам и те молам да ми веруваш, дека си совршена таква каква што си, преубава во својата несовршеност.
Но, што можам да ти кажам јас, жената со крпата покрај тебе...
Но, знаеш што? Дојдов со мојата ќерка, онаа во розевиот костим за капење, онаа што си игра на брегот и што е валкана од песокот. Нејзината единствена грижа денес е ладната вода.
Драга девојко во зелен костим за капење, тебе не можам да ти кажам ништо.
Но, на неа ќе и кажам сѐ, баш сѐ.
И сѐ ќе му кажам на мојот син.
Бидејќи тоа е начинот на кој заслужуваме да бидеме сакани. И на тој начин би требало да сакаме.