Драгана Катиќ отпатува кај синот во Германија: На аеродромот ја дочека изненадување - ја запозна идната снаа, Азијката Тефила
Популарната српска водителка Драгана има близнаци, два сина Бобан и Бојан.
Еден од синовите на Драгана Катиќ, Бобан Живановиќ, учи во Германија, а мајката решила да го изненади својот син со посета, па отпатувала за Берлин.
Бобан ја пречекал на аеродром, но овој пат не бил сам, туку во друштво на убава девојка за која подоцна дознала дека можеби и е идна снаа.
Младата убава девојка се фотографирала со нејзината идна свекрва која на Инстаграм напиша:
- И конечно го запознав ова прекрасно суштество.
Како мал гест на внимание, девојката на Бобан ѝ подари букети со прекрасни жолти рози.
Судејќи по фотографиите, избраничката на Бобан е девојка од Азија, што воопшто не ја изненади Драгана, бидејќи со синовите има многу отворен и добар однос и сигурна е дека секогаш го прават вистинскиот избор.
извор:GLOSSY