Драгана Мирковиќ е неверојатно горда на своите наследници: Син ѝ студира, а ќерка ѝ го завршува средното образование
Пејачката е неверојатно горда на своите наследници...
Фолк ѕвездата Драгана Мирковиќ проговори за своите деца Мануела и Марко и откри со што се занимаваат нејзините наследници, а откри дел и од дружењето со холивудската ѕвезда Жан Клод Ван Дам.
„Моите деца се најнормалните деца на светот, кои имаа нормално детство и беа одлични ученици. Марко студира економско право, а Мануела го завршува средното училиште и работеше на рецепција во Риц“ - откри Драгана.
Пејачката истакна дека Ван Дам е многу упатен во нејзината каериера и дека го запознала неговото семејство, и дека се слуша со неговата мајка.
„Ван Дам е неверојатен човек, многу го засака моето семејство и одлично се дружиме, а не запозна сопственикот на Fashion TV. Луѓето од светскиот џет сет се многу поприземни отколку нашите. Ван Дам знае и повеќе отколку што би требало за мојата пејачка кариера“ - кажа Драгана во емисијата „Први ред“ на К1 телевизија.
„Еднаш го повика мојот менаџер додека бев на сцена. Кога го погледнав екранот, ги видов мојот сопруг Тони и Ван Дам, 10 минути пред тоа го гледале концертот на мобилен. Ван Дам беше воодушевен, а мене искрено ми беше непријатно, па кој знае кои светски ѕвезди ги гледал тој“ - раскажа пејачката, а потоа откри дека се зближила и со семејството на Ван Дам.
„Се запознав со неговото семејство во Белгија. Неговата мајка знае да ме повика кога знае дека со мене е и Тони. Дури и кога ќе го побара ван Дам, а тој ќе ѝ каже дека е со нас, ми го дава телефонот за да ја уверам дека сè е во ред, се грижи како и секоја мајка. Неговата сопруга е фантастична, а ќерка му е талентира како него за спорт и глума“ - откри пејачката.