Драма на Твитер: Причината се крие во најновите фотографии на Ариана Гранде
Пејачката Ариана Гранде има полни раце работа оваа година, од венчавката, преку тоа што стана судија во „The Voice“. Меѓутоа, на 5 декември неколку луѓе „удрија“ по пејачката поради нејзините фотографии кои ги сподели со своите следбеници на социјалните мрежи, каде пејачката се обиде да изгледа како девојка од источна Азија.
Терминот „Asian fishing“ е кога поединец, кој не е од Азија, се обидува да изгледа како да е од таму. Ова обично се прави со шминка и се постигнува ефектот како да доаѓате од источна Азија. Во меѓувреме, постојат и некои кои се обидуваат да се облечат во стереотипната азиска облека за уште повеќе да личат на нив. Слично на терминот blackfishing, и Asian fishing се смета за навредлив.
Што направи Ариана Гранде? На 5 декември неколку нејзини фотографии станаа актуелни на социјалните мрежи. Додека некои следбеници ја пофалија пејачката, имаше и такви кои се навредија поради нејзиниот изглед, особено поради шминката која ја имаше. Поголемиот дел сметаат дека Ариана се обидува да изгледа како да е од источна Азија. Набрзо потоа, пејачката ги избриша фотографиите од социјалните мрежи.
this look is so cuteee pic.twitter.com/GSrobdoMHa
— sydney sweeney’s whore (@MIUCClAMUSE) December 3, 2021
Но, имаше и такви кои застанаа во нејзина одбрана. Еден корисник напиша: „Почнувам да мислам дека луѓето на оваа апликација не знаат како изгледаат Азијците или црнците. На пример, ако ја видите Ариана Гранде и помислите на било што друго одвен на белец, тоа е голем проблем“.