ДРАМА: Пејачи кои во своите песните не ја кријат омразата кон колегите

ДРАМА: Пејачи кои во своите песните не ја кријат омразата кон колегите

Објавена во: Stars // Музика

Навистина беа брутални...

Доколку сакаш драма, ова е вистинскиот текст за тебе. На музичката сцена има пријателства, но има и многу омраза и љубомора. Многу од музичките ѕвезди не се согласуваат, а некои од нив не може да се видат ниту на фотографија.

Не е тајна, ниту нешто необично дека особено на американската музичка сцена има многу чудни односи, но најинтересни се оние најдраматичните. Кога некоја ѕвезда е толку изнервирана и лута, снима дури и песна за некој и не се обидува да сокрие за кој станува збор. Музичарите сакаат во своите песни да имаат скриени пораки кои ќе ги сфатат само најголемите обожаватели, но некогаш сакаат и јасно да дадат некои работи до знаење. Во овие песни нема тајни пораки, на сите им е и повеќе од јасно за кои други музичари или познати личности се пее.

# Канје Вест - „Famous“

Никогаш не било тајна дека Канје и Тејлор Свифт не се сакаат. Канје одеше толку далеку што кажа дека таа е позната благодарение на него и сними песна за тоа. И тоа не се ни обиде да го сокрие, бидејќи во песната ѝ се обрати со нејзиното име. Тука започна големата кавга помеѓу овие две музички ѕвезди која трае и денес.


# Тејлор Свифт - „Bad Blood“

Освен што не е во добри односи со Канје, Тејлор долго време не беше во океј односи со Кети Пери. Денес сето тоа е зад нив и тие се пријателки, но порано... Големиот хит на Тејлор, „Bad Blood“ е за оваа нејзина колешка. Тејлор во едно интервју раскажа дека никогаш не била сигурна дали се пријателки или не, бидејќи Кети секогаш била океј кон неа кога ќе се сретнеле некаде, а потоа практично се обидувала да ѝ ја саботира целата турнеја, кога се обидела да ги „украде“ луѓето со кои Тејлор работела.


# One Direction - „Perfect“

Оваа песна не е толку драматична и не е никогаш потврдено, но... Повторно е вмешана Тејлор Свифт. Хари Стајлс и Тејлор некое време се гледаа, па обожавателите беа уверени дека стихот „And if you're looking for someone to write your breakup songs about, baby I'm perfect“ е за неа, поточно исмевање на начинот на кој таа пишува песни, бидејќи како што на сите им е добро познато, Тејлор секогаш по прекинувањата на врските издаваше албум, а песните секогаш ѝ беа за поранешната љубов.


# Тејлор Свифт - „Look What You Made Me Do“

И повторно Тејлор. Оваа пејачка е навистина проблематична. Иако ова никогаш не е официјално потврдено, сите се 99% сигурни дека во оваа песна пее за Канје Вест и Ким Кардашијан. Секој пат кога ќе спомене змија, тоа би требало да биде симбол кој го претставува овој пар.


# Џастин Бибер - „Love Yourself“

Кога излезе оваа песна, Џастин и Селена Гомез по кој знае кој пат имаа раскинато и не беше тешко да се заклучи за кој пее во стихот „My momma don't like you / And she likes everyone.“


# Ед Ширан - „Don't“

Со години обожавателите се обидуваа да откријат и се убедени во своите теории дека оваа песна на Ед е за љубовниот триаголник помеѓу него, Најл Хоран и Ели Гулдинг. Ед тоа никогаш не го потврди, но кажа дека бил многу искрен во таа песна, но и дека станува збор за нешто што тој го преживеал, некое лично искуство.


# Мајли Сајрус - „7 Things“

Кога ќе се вратиме малку во минатото, сега веќе далечно минато, Мајли и Ник Џонас беа пар. Кога пропадна во вода нивната врска, Мајли запеа за тоа. Во видеото постојат ситници кои откриваат дека песната е за Ник. Освен што има фотографија на која се таа и Ник, во видеото го носи и ланчето кое тој ѝ го има подарено.


# Little Mix - „Shout Out To My Ex“

Уште една песна за која целиот свет знае за кој е напишана. Кога Зејн Малик ја остави Пери по едногодишната врска, таа воопшто не се воздржа и со своите девојки сними песна за тоа. Прво сите останаа изненадени што е толку очигледно и што и од песната и од видеото се знае за кој станува збор. Песната стана вистинска моќна женска химна.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: