Драстична промена: Дикси Д'Амелио ја избричи главата (ВИДЕО)
Тикток ѕвездата, Дикси Д'Амелио го имаше своето прво појавување на забавата BAZAAR Icons 2022, која се врати оваа година по двегодишна пауза поради коронавирусот. Она што го привлече вниманието на сите е тоа што Дикси целосно го промени својот имиџ. Имено, таа ја скрати косата во пикси фризура!
Пред појавувањето на овој настан, Дикси се одлучи за драстична промена, а целиот процес го документираше за јутјуб видео.
Таа вели дека уште од шесто одделение сакала да ја избричи главата, а сега конечно чувствувала дека е вистинскиот момент да го направи тоа.
За BAZAAR Icons 2022, каде се појави со новиот имиџ, таа облече прекрасен беж фустан, но токму нејзината кратка фризура ги воодушеви сите.