Државна матура ќе се полага од 29 мај до 14 јуни: За првпат во листата нови изборни предмети

Државна матура ќе се полага од 29 мај до 14 јуни: За првпат во листата нови изборни предмети

Објавена во: Совети // School zone

Ектерните испити од државната матура од учебната 2020/2021 година во јунската сесија ќе се полагаат од 29 мај до 14 јуни. Листата на изборни предмети за третиот екстерен испит годинава е проширен со уште два - информатика и географија.

До крајот на годината матурантите ќе треба да пријават за тоа како вид на матура ќе полагаат - државна, училишна и завршен испит. Оние кои ќе се одлучат за државната матура треба да ги наведат и предметите што ќе ги полагаат.

Првиот екстерен испит е задолжителен, а тоа е мајчиниот јазик и литература и со него ќе започнат полагањата на 29 мај 2021 година. Вторниот е изборот помеѓу странски јазик (5 јуни) и математика (14 јуни). На 11 јуни ќе се полага третиот екстерен испит за кој матурантите може да избираат помеѓу 10 предмети (естетика, филозофија, хемија, физика, биологија, историја, социологија, бизнис и за првпат - информатика и географија).

Државниот испитен центар (ДИЦ) минатата недела формирал комисии кои  ќе ги изготват прашањата за испитите од новите два изборни предмета. За да биде во листата на матурски испити, потребно е одреден предмет да се слуша најмалку две години со одреден фонд часови. Информатиката е воведена и затоа што е барана од учениците, бидејќи многу од нив во изминатите години се заинтересирани за факултетите од областа на информатичките технологии, пишува МИА.

Исто така, државната матура и оваа година ќе опфаќа еден интерен испит за предмет по избор на учениците, како и проектна задача за која темата треба да ја пријават до 30 ноември, а истата треба да биде изготвена и предадена до крајот на март до училишната комисија. Според Правилникот за начинот на полагање и оценување на резултатите на учениците, темата за проектната треба да биде конечна и внесена во пријавата/апликацијата што кандидатот ќе ја поднесе до 31 декември 2020 во училиштето, заедно со наведените екстерни испити кои ќе ги полага во јунската испитна сесија.

Исто така од оваа година матурантите од гимназиите, проектната задача нема повеќе да ја пишуваат како есеј, туку истата ќе треба да содржи истражувачки дел, како што во стручното образование проектата задача е производ/продукт.


Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: