Дуа Липа го покажа новото момче: Нејзиниот поранешен имаше вознемирувачки испади на љубомора на Инстаграм (ФОТО)

Дуа Липа го покажа новото момче: Нејзиниот поранешен имаше вознемирувачки испади на љубомора на Инстаграм (ФОТО)

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Анвар Хадид на стори напиша: „Се обидувам да не го најдам и да не го убијам“...

Дуа Липа на филмскиот фестивал во Кан за првпат се појави во јавност со своето ново момче Ромен Гаврас. Хемијата помеѓу пејачката (27) и францускиот режисер (41) е повеќе од очигледна и изгледа дека уживаат во врската.

Но, сепак сите не го делат истото воодушевување за новата двојка. Меѓу нив е и Анвар Хадид, поранешното момче на Дуа Липа, со кој беше во врска од 2019 до 2021 година.

Иако пејачката и помладиот брат на популарните сестри Хадид раскинаа пред 2 години, повеќе е од очигледно дека Анвар уште ја нема преболено. На својот Инстаграм профил објави сториња кои се загрижувачки и делуваат како закана.

Своето мрачно селфи го сподели со прилично вознемирувачка порака: „Се трудам да не го најдам и да не го убијам“. Потоа објави уште една фотографи од себе во огледало, придружена со натписот: „Не можам да дишам“.

Сите овие објави на Инстаграм се појавија паралелно со објавувањето на првите фотографии од црвениот килим на Дуа Липа и Ромен Гаврас, па следбениците на Анвар изразија загриженост за неговите љубоморни испади.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: