Дуа Липа на суд бидејќи украла туѓа песна: Истата стана еден од нејзините најголеми хитови
Слушни ги и двете песни, па процени дали се слични...
Плагијатот во музичкиот свет е сериозно обвинение. Особено, кога големите ѕвезди „крадат“ од помалите музичари и потоа со таа песна се прославуваат. Најновиот обвинет е Дуа Липа. И тоа за песна која е голем хит.
Со оглед на тоа колку музика има во светот, невозможно е да се избегне песната што ја слушаме, помалку да наликува на некоја друга. Меѓутоа, некогаш таа е сличност е преголема за да биде случајност. Плагијатот на туѓите песни е голем проблем во музичката индустрија, а сега Дуа Липа се соочува со такви обвинувања, пишува „Just Jared“. Ја тужи реге бенд од Флорида.
Тие се Artikal Sound System и не се ни половина популарни како Дуа Липа, што очигледно изгледало како добро можност за тимот што работи со пејачкта да направи плагијат на нивната песна. Или барем така тврди бендот. Проблемот е околу песната „Levitating“, која стана голем хит кога излезе.
Тие велат дека е премногу слична на нивната песна „Live Your Life“ за да биде случајност. Нивната песна е од 2017 година, а нејзината излезе три години подоцна, во 2020 година.
Бендот никако не е среќен и бара финансиска оштета. Слушнете ги двете песни и провери дали навистина се во право.
Инаку, во ваквите случаи најчесто не е виновен самиот изведувач, бидејќи како и многу поп ѕвезди, Дуа Липа не ги пишува сама своите песни, туку добива готова содржина која само ја пее.
фото: Принтскрин / Инстаграм / @dualipa