Дуа Липа сака да се испроба во актерството: Тоа е нешто што би сакала да го истражам

Дуа Липа сака да се испроба во актерството: Тоа е нешто што би сакала да го истражам

Објавена во: Stars // Филм

Пејачката, освен за музиката се интересира и за други професии...

Пејачката со потекло од Косово, Дуа Липа, реди успеси во музичката индустрија и ужива во популарноста на светско ниво. Од 11 - те хитови кои ги објави, 10 се најдоа на светските топ листи, но таа, сепак би сакала да се испроба и на уште едно поло.

Имено, пејачката последно работеше на снимањето на новиот спот за песната „Love Again“, при што ѝ се разбуди желбата да се проба и во актерските води.

„Навистина би го сакала тоа. Тоа е нешто што сигурно би сакала да го истражам и сфатам, можеби прво со помали улоги“ - раскажа пејачката за „The Sun“.

Таа исто така кажа дека навистина би сакала да се занимава и со други работа, покрај музиакта.

„Навистина ме интригира и возбудува перспективата да работам нешто друго во одреден момент“ - додаде таа.


Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: