Дуа Липа сними нов видео-спот: За помалку од 24 часа има над 5.000.000 прегледи

Дуа Липа сними нов видео-спот: За помалку од 24 часа има над 5.000.000 прегледи

Објавена во: Stars // Музика

Дуа Липа, британска поп-sвезда со косовско потекло, објави нов спот за песната „Love again“, уште еден во низата синглови од нејзиниот мега хит албум „Future nostalgija“.

Спотот ја имаше својата премиера, а за помалку од 24 часа има повеќе од пет милиони прегледи.

На видеото Дуа Липа е маскирана како каубојка, а во неколку сцени танцува сама или со неколку луѓе во просторија која наликува на театар.

Фановите имаат само зборови на пофалба, па затоа овој втор студиски албум на поп иконата го нарекуваат совршенство и го споредуваат со албумот на Мадона од 2005 година - „ Confessions on a dance floor“.

Погледнете го видеото подолу.



Фото и Видео:Youtube

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: