Дуа Липа сподели селфи без грам шминка: Изгледа подобро отколку што очекувавте

Дуа Липа сподели селфи без грам шминка: Изгледа подобро отколку што очекувавте

Објавена во: Мода // Moj стил

Како изгледа Дуа Липа пред да оди на спиење?

Секогаш е освежувачки кога омилените познати личност понекогаш ќе објават и фотографии на кои прикажуваат како изгледаат во опуштено и секојдневно издание. Кога ќе го тргнат целиот тој гламур ќе видиме дека и тие се само луѓе кои не изгледаат 24 часа совршено, како на фотографиите на кои инаку ги гледаме. Иако поголемиот дел не изгледаат така секогаш, Дуа Липа изгледа дека постојано е апсолутно прекрасна. Откако објави селфи од бањата пред спиење, тешко е да се поверува дека изгледа вака без шминка.

Навикнати сме да ја гледаме со луди бои на очните капаци, така што ова е голема разлика. Но, и промена на подобро. Без шминка изгледа уште подобро! Она што сега ќе биде главно прашање е кои производи за нега на кожата ги користи.

Дуа Липа е позната по тоа што од почетокот кога се појави на сцена има и густи веѓи, какви што моментално се во тренд, а кои во вакви изданија без шминка особено доаѓаат до израз. 


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: