Дуа Липа во несекојдневен фустан: Облече модел кој е во тренд, а кој не им се допаѓа на сите (ФОТО)
Целокупниот впечаток на комбинацијата е навистина добар...
За овогодинешната летна сезона, еден модел на фустан посебно се истакна како тренд! Тоа го докажа и Дуа Липа, со оглед на тоа што токму таа го носеше истиот модел и мораме да признаеме дека одлично ѝ стои.
Еден фустан ќе биде омилен тренд и кој ќе го гледаме често на Инстаграм ова лето! Во прашање е фустанот кој на прв поглед е проѕирен, бидејќи за него е потребно да облечете нешто под него за да не откриете сѐ. Исто така го искомбинира и Дуа Липа! Таа одбра „all black“ комбинација, во која главниот фокус е ставен на црниот, проѕирен фустан. Нејзиниот не само што е проѕирен, туку е и целиот со дупки, што дава дополнителна димензија на овој тренд кој сигурно ќе се носи ова лето.
Под него, Дуа носеше долна облека, која исто така беше во црна боја, за да не се издвојува премногу од модната комбинација. Единствено на делот кај стомакот и градите нема дупки, а пејачката овој фустан го носеше со црни високи чизми, кои го надополниот целиот изглед. Сигурни сме дека слични комбинации со овој проѕирен фустна допрва ќе гледаме, без оглед на тоа што многумина овој фустан го сметаат за вулгарен, поради тоа што е проѕирен.
фото: Принтскрин / Инстаграм