Дуксери кои засекогаш ја променија модата: Кои модели ќе се носат оваа сезона?
Долго време се сметаа за облека која ја носиме „по дома“ или за вежбање, а дуксерите од минатата година не се симнуваат од тронот на омилени парчиња во плакарите.
Модниот бран на спортиот стил целосно ги преплави модните писти пре неколку сезони, а особено минатата - кога на прво место беше ставена удобноста за целодневно уживање и работа од дома (во кревет).
Дуксерите со качулка на омилените брендови се инспирирани од 90-тите години, а еден особено се прослави на социјалната мрежа ТикТок. Дуксерите обично се носат во комбинација со тренерки или омилените фармерки, но има случаи и кога топлите дуксери со качулки се носат и над елегантните фустани, за незадолжителна забава или не толку спектакуларна вечера.
фото: INSTAGRAMСепак, иако со сите сили се обидуваме да им одолееме на тренерките и дуксерите, земајќи го предвид фактот колку не се извлекувавме од нив минатата година, изгледа дека тоа никако не ни оди од рака, зошто уште во првата прилика се облекуваме во своите најудобни модни парчиња.
фото: INSTAGRAMОваа сезона, трендсетерките советуваат да ги носите дуксерите со гломазни чизми или во комбинација со долги плисирани здолништа.
фото: GROSESCU ALBERTO MIHAI / SHUTTERSTOCK EDITORIAL / PROFIMEDIAДевојките кои ја претпочитаат удобноста, дуксерите ги носат со долги здолништа и високи чизми, со нагласок на слоевитото облекување, па облекуваат ролка под дуксерите.
Оваа сезона покрај „basic“ варијантата многу популарни се и линиите, јаките, илустрациите, принтовите и дуксерите со ролка.
фото: INSTAGRAM