Дуња Јованиќ доминира на модната сцена: Покажа 3 потполно различни комбинации со иста фризура (ФОТО)
Таа умее да ги насмее сите со своите објави на социјалните мрежи, но исто така и да покаже многу реални и не толку убави ситуации од нејзиниот живот...
Една од најпознатите инфлуенсерки во Србија, Дуња Јованиќ на Инстаграм секојдневно ги покажува модните комбинации за разни прилики. Девојките често помеѓу нејзините фотографии пронаоѓаат инспирација и одговор на прашањето кое ги мачи девојките - што да облечам денес?
Овој пат на Дуња ѝ тргна од рака истата фризура да ја вклопи во три сосема различни модни комбинации. Секоја од нив изгледа потполно различно, а феноменално.
Имено, оваа модна блогерка истакна дека високото коњско опавче со панделка, која го надополнува целосното доживување, од сега ѝ е омилен начин на стилизирање на косата.
# Рокерка
Покажа како ваквата нежна фризура може одилчно и да оди со стилот на опасна рокерка.
# Деловна жена
Исто така, истакна дека со сако, може да послужи и за деловни состаноци и завршување на сите обврски.
# Комбинација како од бајка
За оваа модна комбинација нагласи дека ѝ е омилена. Високото коњско опавче го искомбинира со бел фустан и длабоки чизми во иста боја.
фото: Принтскрин / Инстаграм