Дупер: Продолжуваме без Мартина, со крената глава
Популарната група „Дупер“ продолжува со својата работа без единствениот женски член, Мартина Бараковска, објавија членовите на бендот на својот официјален Инстаграм профил.
Мартина за Женски магазин веќе потврди дека нема да биде дел од бендот и додаде дека доплнително ќе даде официјална изјава.
„Во животот се случуваат работи кои не можеме да ги предвидиме и кои сакале или не, мораме да ги прифатиме со крената глава. Поради ненадминливи разлики, од денес, ДУПЕР продолжува со променет состав. Голема благодарност до Мартина за сите убави моменти и заеднички успеси изминатиов период. Во оваа прилика им се заблагодаруваме на Авалон за неколкумесечната соработка“, напишаа Борис и Илчо, членовите на бендот на Инстаграм.
Сопственикот на „Авалон“ продукција Бобан Милоешески на својот Фејсбук профил претходно објави дека „Авалон“ ја прекинува соработката со „Дупер“.
„Поради тоа што едниот од машките членови на групата Дупер ѝ даде отказ на Мартина, со поддршка на другиот машки член, од според мене најпатетична можна причина, Авалон Продукција го раскина договорот со младите момци“, напиша Бобан.