„Дупер“ се распаѓа: Мартина Баракоска ја потврди веста?
Популарната група „Дупер“ се распаѓа. Како гром од ведро небо денеска одекна информацијата за разидувањето на членовите на бендот. Веста на социјалните мрежи ја сподели Бобан Милошески, кој информира дека неговата „Авалон продукција“ го раскинува договорот со познатото трио.
- Поради тоа што едниот од машките членови на групата Дупер ѝ даде отказ на Мартина, со поддршка на другиот машки член, од според мене најпатетична можна причина, Авалон Продукција го раскина договорот со младите момци- напиша Бобан.
Веднаш ја побаравме Мартина Баракоска, како единствен женски член на „Дупер“, да ни ја образложи причината.
Мартина ги потврди наводите на Милошески, но не сакаше дополнително да коментира.
- Не би сакала да дадам изјава. Сакам да почекам да биде официјално и од наша страна- изјави Баракоска за Женски Магазин.
Д.К.