Душко Тошиќ ја сними Ника на пат до училиште: Освен за фудбал, покажа и за што друго е талентирана

Душко Тошиќ ја сними Ника на пат до училиште: Освен за фудбал, покажа и за што друго е талентирана

Објавена во: Совети // Семејство

Фудбалерот Душко Тошиќ своите следбеници на Инстаграм ги насмеа до солзи, кога на својот профил, покажа како неговата ќерка Ника го поминува времето на пат до училиште. Судејќи според нејзиниот начин за азабава, изгледа дека Ника не го наследила само талетот за фудбал од татко ѝ, туку го има наследено и талентот за танцување од мајка ѝ, пејачката Јелена Карлеуша.

Душко Тошич пристигна во Србија на заслужен одмор и се труди секој момент да го посвети на семејството. И додека Јелена работи на снимањата на емисијата „Ѕвездите на Гранд“, Душко го користи секој момент со ќерките Атина и Ника.

Овие денови, на девојчињата личен возач им е нивниот татко, а дека лудо се забавуваат и дека квалитетно го надополнуваат изгубеното време, Душко покажа на својот Инстаграм профил. Имено, тој откри како неговата ќерка Нина го поминува времето на пат кон училиште.


На видеото, Ника танцува на омилената пенса, која се слуша од радиото во автомобилот, а судејќи по добро извежбаните чекори, нема сомнеж дека талентот за танцување го има наследено од мама Јелена.

Сепак, Ника е копија на татко ѝ и не само физички, туку од него ја има наследено и големата љубов кон фудбалот, па сега е член на јуниорскиот тим на „Црвена ѕвезда“.

„Сакав да тренирам фудбал затоа што татко ми ме инспирираше, го гледав на натпреварите, многу ми се допадна и сакам да пробам, да видам како е. Најголема поддршка ми се мајка ми и татко ми. Мама мисли дека сум добра во тоа, ме поддржува во тоа“ - неодамна откри Ника за „Телеграф“.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: