Дваесетиедногодишна девојка покажа што може да направи со нозете: Нема да ви биде добро по видеото
Девојката има ретка болест, а кога ќе видите што може да направи ќе помислите дека е од гума...
Дали сте слушнале за синдромот Елерс-Данлос? Станува збор за пореметување кое се манифестира со хипереластична кожа, хипермобилни зглобови, а пациентите без никаква потешкотија можат да изведуваат разни „акробации“ од кои повеќе изгледаат страшно, како да немаат ниту една коска во телото.
Од ова ретко заболување, боледува и 21-годишната Бриџет, корисничка на ТикТок, која на оваа мрежа демонстирираше што сѐ може да изведе - и на никој не му е добро откако ќе изгледа барем едно нејзино видео. Оваа девојка кажа и дека не е сигурна за какво пореметување станува збор, бидејќи нема пари да оди на доктор, кој би ѝ дал дијагноза. Истата сепак ја доби од следбениците на социјалната мрежа, кои ѝ сугерираа дека мора да станува збор за синдромот Елерс-Данлос.
„Знам дека ова не е нормално, дека не би требало да бидам во состојба да го правам тоа, па затоа последен пат нешто вакво изведов кога бев дете“ - напиша Бриџет на видеото кое го снимила порано, а го објави неодамна.
Во продолжение погледнете што сѐ може, но ве предупредуваме - гледајте го на сопствена одговорност, не гарантираме дека нема да ви се слоши: