Двегодишно девојче секоја недела им дава поддршка на сите вработени во првиот фронт
Ракоплескањето за негувателите е кампања во која се вклучени сите луѓе во Велика Британија, кои аплаудираат на лекарите, медицинските сестри и другите здравствени работници, кои се во првите борбени редови, во битката со коронавирусот. 1,3 милиони Британци работата за NHS, а за сите нив нацијата секој четврток се обидува да им ја покаже својата поддршка.
Од многуте луѓе кои со ракоплескањето даваат морален поттик на здравствените работници, едно двегодишно девојче се издовјува од сите. Исто како и остатокот од нацијата, така и Елиза Стоунбанк ракоплеска за поддршка, но тоа го прави со стил. Имено, таа се облекува во униформите на сите луѓе, кои одат на работа за време на пандемијата. Досега се има облечено во облека од медицинска сестра, хирург, доктор, болничар и работник во супермаркет.
Во продолжение погледнете ги сите нејзините изгледи: