Двете ја имаат наследено убавината на мајка им: Ксенија одлично ја знаеме, а еве како изгледа другата ќерка на Ненад Кнежевиќ Кнез
Во текот на бракот со Нина, со која помина 17 години, познатиот пејач Ненад Кнежевиќ Кнез доби две ќерки: Ксенија и три години помладата Андреа, а двете може да се пофалат со многу атрактивниот изглед.
Како што раскажа пејачот во една прилика, тој ги поддржува во сѐ што ќе одлучат да прават во животот.
„Секогаш се поддржуваме во сѐ. Секако, тие знаат да бидат и малку безстрашни, како и сите деца, но се и многу одговорни. Она што го барам од нив е секогаш да ми се јават, каде и да се и со кој и да се. Потребно е само да ми кажат: Тука сме. Добри сме. Покрај тоа, двете имаат обврски кои мора да ги завршат, така се воспитани. Јас сум им поддршка во сѐ што прават. Тие ги следат своите инстикти, а ако јас на било кој начин можам да им помогнам, тука сум“ - истакна пејачот.
Постарата ќерка на Кнез, Ксенија на јавноста ѝ е најпозната по групата „Хјурикејн“, која ја претставуваше Србија на Евровизија. Таа уште како 17-годишна девојка учествувала на Беосонг, каде настапувала со Анџела Вујовиќ и Дана Гашиќ, а објави и две песни. Најголем успех доживеа откако ја започна соработката со „Ураганките“ Сања Вучиќ и Ивана Николиќ.
Другата ќерка на познатиот пејач, не е јавна личност, па за нејзиниот живот не се знае многу. Судејќи по нејзините фотографии и профили на социјалните мрежи, Андреа живеела во Барселона, а завршила во угледната Осма белградска гимназија.
Таа, исто како и нејзината сестра е неверојатно убава, а уште на прв поглед е очигледна огромната сличност помеѓу нив.